English

 

 
  ДОБРОДОЈДОВТЕ

    Постапка за ренгенско снимање за откривање на дислазија на лактови (ED)

Дисплазијата на лактови е дегенеративна промена на лактовите во подрачјето на лактниот зглоб. Болеста може да се јави од лесен па се до тежок облик. Бидејќи МКГО сеуште нема договор со WUSV - (Светското здружение на држави членки за одгледување на германски овчари).Снимањето се врши во држави членки на WUSV.

Снимањето на лактови сеуште не е морална ставка за користење на кучињата во приплод во државите членки на WUSV, но е препорачливо

Постојат две можности за снимање на ED дисплазија на лактови:

Правата можност е снимање на лактови во држава членка на WUSV каде што комисијата за заверка на снимките ги заверува снимките со нивни национален печат кој е признат од страна на WUSV и сите нивни членки, и кучето кое има ваква снимка може да се изложува на сите манифестации под покровителство на WUSV. Кучето со ваква снимка може да полага национален керунг - одгледувачка дозвола.

Втора можност е праќање на сниките ви Германија на читање и заверка кај WUSV комисија.Тогаш кучето добива германски снимки на лактови со германски печат. Германската снимка на лактови е признаена од страна на сите WUSV членки и кучето може да се изложува на сите манифестации под покровителство на WUSV.

Се додека МКГО нема услови  за снимање, читање - процена за ED дисплазија на лактови ќе важат горенаведените начини за постапка на снимање на лактови.

ВОДИТЕЛ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ: ГАБРИЕЛ СТИБЕЛ