English

 

 
  ДОБРОДОЈДОВТЕ

Стандард за германски овчар

Германскиот овчар е со среден раст нешто издолжен, со снажен костур добро мускулест со црвста градба сув и компактен. Висината на германскиот овчар е 60 - 65 цм за мажјаци и 55 - 60 цм за женки. Тежината на мажјакот е од 30 - 40 кг, а женките се тешки 22 - 32 кг. Дисквалификациона мана е ако кучињата се високи или пониски за повеќе од 1 цм должината на трупот ја применува висината на гребенот за околу 10 до 17 %.

ГЛАВА

Во склад со големината на телото главата е долга околу 40% од висината на гребенот несмее да биде груба, ни лесна, ни издолжена. Општиот впечаток е да е сува, а измеѓу ушите умерено широка.Челото гледано од напред и од страна малку е заоблено со незнатно нагласена челна бразда или без неа.

Образи гледано од страна во целина се благозаоблени, но не се избочени. горниот дел од главата е 50% од целата должина од главата. Одгозгора гледано од ушите накај носост постепено и рамномерно се стеснува со кос, а не оштро изразен стоп. Истоа така ако се гледа одозгора не е премногу клинаст и сув носникот горната и долната вилица мора да се вклопуваат. Ширината на горниот дел од главата треба од прилика да одговара на неговата должина при што лесна издолженост кај мажјаците и лесна скратеност кај женките не се значајни. Чурилката е силна, усните се затегнати суви и добро собрани. Носникот е прав и скоро паралелен со продолжена челна линија, носот мора да бид црн

УШИ

Ушите кај германскиот овчар се со средна големина во основа широки високо всадени и исправено носени паралелни, но не навнатре свртени. Заширени се со ушните школки свртени нанапред. Клемпавите и паднатите уши не се дозволени. Навнатре свртените уши во голема мера ја нарушуваат расната слика за германскиот овчар. Многу кучиња во движење и за време на одмарање ги држат ушите спуштени што не е мана. Тешки грешки се широко носени и многу ниско всадени уши како штитови со овален облик и недоволно цврсти уши.

ОЧИ

Очите кај германскиот опвчар се средно големи, бадемасти малку косо поставени, но не испакнати. Бојата на очите по можност треба да биде потемна или темна - костенлова. Светли или блистави очи не се пожелни бидејќи влијаат на целокупниот впечаток за кучето.

ЗАБАЛО

Забалото мора да биде здраво, силно и потлполно. Има 42 забаод кој 20 во горната и 22 во долната вилица. Германскиот овчар има ножичкасто забало. Предгриз - подгриз и клештасто забало, како и поголемо растојание измеѓу забите се тешки мани.

ВРАТ

Вратот кај германскиот овчар е силен со добро развиени мускули без подгушка. Вратот со хоризонталата склопува агол од околу 45 %, кога кучето е вознемирено вратот се исправува, а во движење вратот се спушта.

ТРУП

Горната линија се протега од почетокот на вратот преку добро формиран гребен, потоа преку хоризонталниот благопаѓачки грп до благопаѓачки коси сапи, без видлив прекин. Грбот е цврст силен и мускулест. Слабинскиот дел е широк, јак и мускулест. Сапите треба да бидат долги и лесно паѓачки коси околу 23 степени према хоризонталата и без прекин на горната линија и да го поврзуваат делот на опашот. Должината на трупот е за 10 - 17% поголема од висината на гребенот. Градите треба да бидат со умерена ширина а долниот дел од градите што е можно подолг и поизразен. Вдлабината на градите треба да изнесува околу 45 - 48% од висината на гребенот. Ребрата треба да бидат малку испапчени. Бурестиот граден кош е тешка грешка како и премногу рамен.

ОПАШ

Опашот е густо влакнест, достигнува должина барем до скочниот зглоб и преминува средина на задното дошапје. Иако е непожелно опашот понекогаш на крај кај врвот е малку усукан. Кога кучето мирува опашот го носи во благ лак надоле. Со тоа што од прилика на возбуденост и во движење појако го свиткува и го подигнува иако не треба да го подигнуваадгрбната линија спрема ова опашот несмее да биде над грбот било право или свиткано. Оперативни корекции на опашот не се дозволени.

ПРЕДНИ НОЗЕ

Предните нозе гледано од сите страни се прави, а гледано од напред апсолутно се паралелни. Плешката и надлактицата се со иста должина и се врзани со помош на јака мускулатура и се прицврстени за трупот кој го формираат плешката и надлактицата. Во идеален случај изнесува 90 степени иако е коректно до 110 степени. Лактовите не треба да бидат исфрлени или вовлечени во стоење, а ниту во движење. Подлактиците гледано од сите страни се прави и една во однос на друга се апсолутно паралелни суви и мускулести. Предното дошапје има должина од околу 1 - 1/3 подлактица и склопува агол со неа од околу 20 - 22 степени. Премногу косо поставеното предно дошапје повќе од 22 степени и страмното предно дошапје помалку од 20 степени се одрзуваат на примената и издржливоста. Шепите се округли, добро собрани и испапчени. Перниците се цврсти, но не и крти, ноктите се цвртси и со темна боја.

ЗАДНИ НОЗЕ

Положбата на задните нозе е балго наназад при што задните нозе гледано од позади стојат паралелно. Битната коска и подколеницата се со иста должина и прават агол од коколу 120 степени, а бутините се силни и мускулести. Скочните зглобови се силни и цврсти, а задното дошапје е вертикално под скочниот зглоб.

ШЕПИ

Шепите се собрани, благо испапчени. Перничињата се цврсти и со темна боја. Ноктите се цврсти, испапчени и со темна боја.

ОДОВИ

Германскиот овчар е касач. Нозете мораат да бидат со таква аглованост и должина, така што задните нозе при одот допираат до срдината на телото а предните нозе прават исчекор со иста должина. При што грбната линија незначително не се менува. Секој фактор за зголемување на аголот на задните нозе ја намалува цврстината и истрајноста, а со самото тоа и употребливиста. Кај коректните односи на градбата и аглованоста се развива од кој освојува простор така да се добива впечаток да кучето исчекорува незамарајќи се. При благо напред истурена глава и благо лесно подигнат опаш во рамномерен и мирен кас се добива впечаток да од врвовите на ушите преку вратот и грбот до крајот на опашот постои балго таласаста непрекината грбна линија.

ВЛАКНО

Коректно влакно за германскиот овчар е остро со развиено подвлакно. Покривното влакно треба да биде што погусто, право и добро да подлегнува низ телото. На главата вклучувајќи ја и внатрешноста на ушите предните страни на нозете - шепите како и на прсата влакното е кратко. На вратот влакното е нешто подолго и погусто. На предните и задните нозе се до дошапјето и скочниот зглоб влакното се продолжува,а на задната страна на бутините ствара гаќички.

БОЈА

Бојата е црна со костенливо, смеѓо жолто до светло сиви ознаки. Црно сиво со темни ознаки плашт и маска. Не приметни мали бели ознаки на прсата како и светли внатрешни страни на нозете. Допуштени се но не се пожелни. Носната печурка мора кај кучињата од сите бои да биде темна. Кучиња со слаба маска изразито светли очи, светли ознаки на прсата и вантрешни делови на нозете со белкасти нокти и црвен крај на опашот или со испрани бои се оценуваат како слабо пигментирани. Долното влакно, под влакното поседува слаб сив тон. Белата боја не е дозволена.

ПРЕВОД: ГАБРИЕЛ СТИБЕЛ